Нова студија покажа: Не користете мобилни телефони пред спиење

- Advertisement -

Две нови студии кои се спроведуваат на Меѓународната вселенска станица треба да им помогнат на астронаутите и на луѓето на Земјата подобро да се одморат во текот на ноќта.

„Дали некој ви рекол да не користите мобилен телефон пред да легнете да спиете? Тоа е така поради фактот дека сината светлина влијае на вашиот циркадијален ритам, вашиот природен одговор на промените на дневната светлина“ се вели во објавата на Европската вселенска станица на социјалната мрежа X.

- Advertisement -

Астронаутот Андреас Могенсен од Европската вселенска станица моментално на Меѓународната вселенска станица прав истражување врзано за спиењето, а неговата мисија наречена „Huginn“, всушност, се состои од две студии со цел подобро разбирање на циркадијалното осветлување и спиењето во орбитата.

„Астронаутите на Меѓународната вселенска станица прават еден полн круг околу Земјата на секои 90 минути и доживуваат 16 изгрејсонца и зајдисонца секој ден. Поради оваа неземска рутина астронаутите може да се мачат да пронајдат природен дневен ритам во вселената. Меѓународната вселенска станица ја следи GMT временската зона, што помага во одржување на доследниот распоред, заедно со редовни рутини на будење и одење на спиење“ се вели во соопштението на Европската вселенска агенција.

- Advertisement -

Циркадијалните ритми се физички, ментални и бихевиорални природни процеси кои следат 24-часовен циклус и реагираат првенствено на светлина и темница. Тие влијаат на најголем дел од живите суштества, вклучувајќи ги животните, билките и микробите.

Во вселената сите ритми се изобличени, што значи дека астронаутите може да патат од несоница и несоодветно и пореметено спиење. За да се избегнат тие последици, Могенсен користи посебно светло кое го развила данската компанија SADA Space Architects. Системот се состои од специјални лампи дизајнирани да го поддржуваат циркадијалниот ритам на астронаутите во вселената. Навечер, кога Могенсен сака да спие, светлото станува црвено, исто како зајдисонце, додека наутро станува сино, симулирајќи го изгрејсонцето во текот на ведриот ден.

- Advertisement -

За студијата која се однесува на спиењето во орбитата Могенсен користи и уред за мерење поставен во увото, кој го следи електроенцефалограмот на неговиот мозок. Изумот е дело на истражувачи од Универзитетот Архус во Данска и им овозможува да ја проценат мозочната активност во текот на целата ноќ.

Истражувачите на овие две студии работат заедно за да соберат што повеќе податоци и подобро да го разберат спиењето во вселената, но и на Земјата. Резултатте се посебно релевантни за денешното време затоа што истражувањата покажуваат дека и климатските промени го пореметуваат нашето спиење.

(Klix.ba)

(фото: Piqsels)

Сподели!
- Advertisement -