Фински остров е првиот остров во светот кој не дозволува туристите да користат телефон

- Advertisement -

Летото и официјално започна со високите температури, сончевите денови и првите годишни одмори. Една од работите кои задолжително ги пакуваме кога поаѓаме од дома на одмор е мобилниот телефон. Тој уред ги замени и фотоапаратите и телевизорите и е извор на напрекината занимација. Но, можете ли добро да се одморите ако постојано сте поврзани со целиот свет?

Токму за тоа размислувале на финскиот остров Улко-Тамио. Иако овој остров не привлкеува толку туристи како некои хрватски или грчки острови, има нешто што го издвојува од сите. Имено, овој остров одлучи да стане првиот остров во светот кој не дозволува телефонирање.

- Advertisement -

Како што се вели во соопштението за јавност, островот ова лето ќе биде подрачје без телефонирање.

„Сакаме да ги поттикнеме туристите да ги исклучат своите паметни уреди, да застанат и навистина да уживаат во островот“ се вели во соопштението.

- Advertisement -

Напоменуваат дека островот е покриен со функционална мобилна мрежа, па тие што апсолутно не можат да се одвојат од својот телефон, можат да уживаат во сите поволности на дигиталниот живот.

„Исклучувањето ан телефоните, истражувањето на природата и запознавањето со луѓето сигурно ќе до подобри вашето расположение. Неброени саати седиме на социјалните мрежи, па краткиот одмор од нив значи дека имате повеќе време за нови искуства“ вели во соопштението Сари Кастрен, психолог и водител на истражувања при Финскиот институт за здравје и социјална грижа.

- Advertisement -

Иако на островот Улко-Тамио не живеат луѓе, таму има многу ретки птици и билки. Недопрената природа и уникатните призори се мамка за илјадници посетители секоја година. Така, тие кои сакаат да преноќат на островот можат да спијат во шатори или во колиби.

Целта на оваа иницијатива е да се поттикнат луѓето уште повеќе да се одморат од социјалните мрежи и од дигиталнтие уреди. Ги поттикнуваме посетителите доброволно да телефонираат кратко и да ја гледаат и да ја слушаат природата, а не мобилните телефони. Ова е одличен пример за туристички и рекреативно користење на природните убавини, велат одговорните.

(Zimo)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -