Alphabet годинава доби негативен публицитет поради отпуштањето илјадници вработени и поради регулаторните предизвици, но и покрај тоа луѓето продолжуваат да го користат Google, Gmail и Chrome.
DesignRush-a, B2B компанијата која ги анализира и ги рангира професионалните агенции, на основа на индексот за лојалност на купувачите, ја состави листата од компании на листата Fortune 100.
Тие метрики вклучуваат: финансии на компанијата, просечна оценка и број на рецензии од клиенти, следење и ангажирање на социјалните мрежи, пребарување на Google во врска со кориснички услуги, оценка за популарноста на компанијата за истражување пазари YouGov и нето резултат на промотерите (NPS), кој се базира на веројатноста купувачот да го препорача брендот или услугата на своите пријатели.
Ова се топ 10 брендови со најлојални купувачи:
1.Alphabet (Google)
2.Lowe’s
3.Intel Corporation
4.Apple
5.Kompanija Coca-Cola
6.PepsiCo
7.Amazon
8.Allstate Corporation
9.Microsoft
10.Johnson & Johnson
(Bizlife)
(фото: Flickr)