Децата во Холандија се најсреќни на светот

- Advertisement -

Децата во Холандија се меѓу најсреќните во светот, покажа едно истражување, а експертите велат дека може да има повеќе причини за тоа. Извештајот на УНИЦЕФ објавен пред неколку години покажа дека децата во Холандја имаат најголем степен на добросостојба. Агенцијата на ОН за деца анализирала податоци од 41 земја со висок доход и ги рангирала земјите според тоа како постигнале ментална добросостојба на децата, дизичко здравје и развој на академските и социјалните вештини.

Било утврдено дека Холандија е највисоко рангирана на табелата според сите три ставки, а потоа следуваат Данска и Норвешка.Чиле, Бугарија и САД се на дното на таа листа.

- Advertisement -

Понатаму, Индексот за подобар живот на ОЕЦД во 2020 година покажал дека Холандија постигнала натпросечни резултати во многу области, вклучувајќи ги приходите, образованието, станбениот и здравствениот статус.

Извештајот на УНИЦЕФ нагласува и дека немаат сите деца во богатите земји добро детство. Дури и земјите со добри социјални, економски и еколошки услови се далеку од исполнување на целите поставени во Агендата за одржлив развој 2030, се вели во извештајот.

- Advertisement -

Со цел борба против тие недостатоци, УНЦЕФ ги повика сите земји со високи примања да ги прашаат децата за тоа како може да се подобри нивниот живот и да обезбедат интегрирање на политика за унапредување ан нивната добросостојба. УНИЦЕФ, исто така, им препорача на земјите да ги забрзаат напорите за постигнување на цели за одржлив развој, како што е намалување на сиромаштијата и подиобрен пристап за грижа за деца.

Од тој апсект, Холанѓаните имаат репутација дека ја ценат различноста и дека се многу инклузивни. Ваквиот пристап во родителството е многу битен со оглед на тоа со колкав притисок се соочуваат сега децата и на академски и на социјален план во смисла на социјалните мрежи.

- Advertisement -

Експертите велат дека растењето во култура во која се ценат посебностите на секој поединец,а децата чувствуваат дека можат да бидат она што се и да не им се суди за тоа ќе помогне за децата да бидат среќни.

Истражувањето на УНИЦЕФ покажало дека 81% од тинејџерите во Холандија на возраст од 15 години сметаат дека лесно склопуваат нови пријателства, што е една од највисоките стапки во тие 41 земја оопфатени со истражувањето.

(Bizlife)

(фото: ndla.no)

Сподели!
- Advertisement -