Huawei и Xiaomi потпишаа договор за лиценцирање патенти

- Advertisement -

Откако Huawei Technologies минатиот месец го обнови договорот со Ericsson за лиценцирање патенти, од кинеската компанија објавија вест за потпишување сличен договор со уште една мобилна компанија. Според информациите кои ги пренесе Reuters, Huawei и Xiaomi потпишаа договор за глобално заедничко лиценцирње патенти, кои вклучува и комуникациски технологии како што е 5G.

Исто така, со истиот договор е решен спорот за кршењето патенти меѓу овие компании, кој трае подолго време. Пред половина година Huawei во Кина подигна тужба против Xiaomi поради наводно кршење на четири од нивните патенти. Станува збор за патенти кои се однесуваат на комуникациска технологија, фотографирање со паметни телефони и технологија за заклучување на екранот. Со договорот кој е постигнат сега тие проблеми околу лиценцирањето стануваат минато, исто како и тужбата.

- Advertisement -

Huawei има потпишани договори за лиценцирање патенти и со други технолошки и мобилни компании како што се Oppо и Samsung и споменатиот Ericsson.Инаку, оваа кинеска компанија минатата година од тантиеми оствари приходи од околу 560 милиони долари, што е повеќе од парите кои ги плати за тантиеми во последните две години. Причината за тоа се наоѓа во падот на продажбата на нивните паметни телефони, поради што се намалија и парите кои мора да ги плати на носителите на интелектуална сопственост и патенти.

(Reuters)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -