ЛЕД маска за лице зборува и се смее наместо вас

- Advertisement -

Со оглед на состојбата во светот изгледа дека маските за лице ќе ги носиме подолг период, па затоа носењето маски можеби треба да го направиме забавно. Индиски производител на игри ја претстави маската JabberMask, гаџет кој се активира со гласовни контроли, опремен е со ЛЕД сијалички кои се оформуваат како уста и може да се смее или да прикажува емотикони.

Дизајнерот Тајлер Глаиел ја опремил маската со мрежа на RGB ЛЕД сијалички на предниот дел со цел да се прикажуваат пораки на неа. Може да се прикаже срце, емотикон или едноставни зборови како „НЕ“ или „ОК“.

- Advertisement -

Но, можеби најимпресивно кај маската е тоа што може да го препознае вашиот глас и виртуелно да се движи форма на уста од ЛЕД сијалички речиси истовремено додека зборувате за луѓето со коишто разговарате полесно да ве разберат.

JabberMask е еден креативен начин за надминување на некои од бариерите при комуникацијата преку заштитини маски поради пандемијата на корона вирусот. Освен тоа, ние луѓето сме експресивни суштества и без тие пријателски мали насмевки во секојдневната комуникација лесно е да се претпостави дека сите околу вас што носат маски ве мразат или се тажни.

- Advertisement -

Заштитниот дел на маската е направен од памучна маска, за која најновите истражувања покажаа дека е најефикасна во заштитата од ситните честички. Тој дел може да се отстрани од електронските делови и да се испере.

Има три различни верзии на JabberMask, во зависност од тоа колку многу комуницирате со минувачите. JabberMask Lite е основен модел со 6 x 6 ЛЕД светилки, која може да прикажува насмевки и уста која се движи, како и АААА батерии. JabberMask Deluxe има 8 x 8 ЛЕД светилки и батерија што се полни, а JabberMask Pro има поддршка за емотикони и се контролира преку апликација за Android и iOS.

- Advertisement -

Моментално е во тек кампања за JabberMask на Kickstarter. Lite верзијата можете да ја добиете со минимална донација од 29 долари, Deluxe за 49 долари и Pro за 69 долари. Планирано е првите маски да бидат доставени во мај 2021 година.

(New Atlas)

(фото: Kickstarter)

Сподели!
- Advertisement -