Минатата недела започнаа предавањата со модули и интерактивни работилници од пре-акселераторската програмата „Aspire Balkans“ која има за цел да ги охрабри девојките и жените да станат претприемачки и својата бизнис идеја да ја претворат во старт-ап или да го унапредат својот веќе постоечки бизнис. Ова трето поглавје на програмата е наменето само за учеснички од Македонија.
Настанот се одржа во просториите на М6 Едукативниот центар во Скопје. Првиот модул на програмата го водеше инвеститорот од Израел, Михаил Мизрахи, кој потенцираше дека кога жените отвораат старт-ап, тогаш бизнисите се поуспешни, а инвестирањето во жените ќе го зајакне и унапреди општеството, давајќи можност да ги истакнат своите квалитети и вредности.
На настанот гостуваше менаџерката на Фреја Форум/Фреја Академија од Шведска, Маргарета Еклунд, која ги мотивираше младите девојки и жени и ја испрати пораката дека силното верување и инвестирање во себе ќе ни донесат успех, и никогаш да не се обвинуваме и критикуваме себеси за ситуации кои во одреден момент не можеме да ги промениме.
Целта на оваа програма е да се развијат иновативни начини за започнување и развој на сопствен бизнис, кадешто жените меѓусебно ќе се поддржат. Две учеснички коишто ќе бидат највисоко рангирани на Демо Ден во ноември, ќе имаат можност на бесплатно учество во акселератоската програма на акселераторот Aspire, индивидуална средба со потенцијален инвеститор, лична сесија за менторство и студиско патување во Израел.
Оваа програма се реализира во соработка со AtoBe Accelerator во Azrieli College of Engineering во Ерусалим и е поддржана од Министерство за надворешни работи на Израел и Амбасадорката на Израел во Македонија, Симона Франкел.
На настанот претставување имаше и ново формираниот Aspire Accelerator ,од страна на 4те жени основачи Маја Сталеска, Сања Лазаревска, Софија Дачева и Магдалена Спасовска, коишто ги запознаа учесничките со мисијата и визијата со можностите кои акселераторот ќе ги нуди во Македонија и регионот. Претставен беше уникатниот и прв во регионот спортски акселератор, Aspire2 sport & innovation.