Откриено кога може да изумрат луѓето на Земјата и зошто

- Advertisement -


Една неодамнешна студија, која ја направија британски научниви од Универзитетот Бристол, сугерира дека Земјата може да се соочи со масовно изумирање на човештвото за приближно 250 милиони години отсега, но под услов човештвото да продолжи да согорува фосилни горива и да остане на овој пат до развојот.

Ова мрачно предвидување се базуира на компјутерските симулации, кои покажуваат дека сите цицачи, вклучувајќи ги и луѓето, ќе се борат за преживување под екстремни температури од 40 до 70 степени Целзиусови. Овие компјутерски симулации не го земаат предвид дополнителното влијание на емисијата на стакленички гасови како последица на човечките активности, што сугерира дека временската рамка за изумирање може да биде и пократка.

- Advertisement -

Предвидената катастрофа го означува првото масовно изумирање после исчезнувањето на диносаурусите од нашата планета пред околу 66 милиони години, кога огромен астероид удрил во Земјата.

Шансите на човештвото се доста мрачни, вели д-р Александар Фарнсворт, виш соработник во Школата за географски науки при Универзитетот Бристол, кој ја предводел студијата. Д-р Фарнсворт објаснува дека огромната количина CO2 во атмосферата, која веројатно ќе биде дупло поголема од сегашната, ќе им оневозможни на луѓето и на другите животински видови да се разладуваат преку потење, што ќе резултира со нивна смрт. Освен тоа, тој предвидува дека за 250 милиони години остега континентите на Земјата ќе се спојат во еден суперконтинент наречен Пангеа Ултима, со копнена маса во форма ан крофна, која е обиколена од море на средината и големиот тихи Океан однадвор.

- Advertisement -

Визијата за суперконтинент Панега Ултима е само еден потенцијален резултат на идната конфигурација на континенти на Земјата, но научниците се сигурни дека континентите на крајот ќе се спојат и ќе создадат сурова и негостољубива средина за живот. Поради поместувањето на тектонските плочи ќе има се почести вулкански ерупции, кои ќе испуштаат огромна количина CO2 во атмосферата. Тоа во комбинација со се посветлото сонце уште повеќе ќе ги покачи глобалните температури.

https://inovativnost.mk/2023/09/26/откриено-кога-може-да-изумрат-луѓето-на-земјата-и-зошто/(се отвара во ново јазиче)

- Advertisement -

Студијата е објавена во списанието Nature Geoscience, а користи компјутерси климатски модели за симулација на различни фактори во животната средина на евентуалниот иден континент Пангеа Ултима. Студијата предвидува дека нивоата на CO2 може да пораснат од денешните 400 ppm на над 600 ppm во текот на наредните милиони години, под претпоставка дека човештвото ќе престане да троши фосилни горива. Во спротивно, тие бројки ќе бидат многу повисоки.

(Daily Mail)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -