Вака Франција ќе го триплира бројот на велосипедисти

- Advertisement -

Франција сака да биде како Холандија, каде што повеќе од 30% од патувањата се прават со велосипед наместо со моторно возило. Во Франција моментално тој процент е само 3% затоа што на велосипедизмот се гледа како на спорт, а не на превозно средство.

Затоа земјата ќе потроши 350 милиони евра за правење нови велосипедски патеки и нивно поврзување со постјните, за велосипедистите во земјата да се чувствуваат безбедни во текот на целото патување до дома или до работа.

- Advertisement -

За да спречи кражби на велосипеди, земјата донесе закон со кој сите нови згради мора да имаат паринзи за велосипеди. До 2022 година секое средно  училиште во Франција ќе воведе часови по возење велосипед, а велосипедистите ќе можат да возат во двете насоки и по еднонасочни улици.

Вработените, пак ќе добијат субвенции без оданочување за возење велозипед до работа и назад. Доколку до работа и назад поминувате 10 километри, на годишно ниво заштедувате 1,5 тони јаглерод диоксид.

- Advertisement -

This is how France will triple its number of cyclists

Efforts have gone up a gear. Learn more about biking innovation: https://wef.ch/2QKOb0m

Posted by World Economic Forum on Петок, 14 декември 2018

Сподели!
- Advertisement -