ВИДЕО: Кула која обичниот воздух и сончевата светлина ги претвора во авионско гориво

- Advertisement -

Оваа кула го зема обичниот воздух кој го дишеме и сончевата светлина и ги претвора во гориво за авиони, кое е карбонски неутрално. На копното под неа има поставено 169 рефлектирачки панели го следат сонцето и ги фокусираат сончевите зраци во мала дупка на кулата.

Така концентрираната енергија е 2.500 пати поинтензивна од сончевата светлина. Кулата ја користи таа енергија за од СО2 и кислородот од воздухот да ги подели на водород и јаглерод моноксид. Тие заедно го даваат синтетизираниот гас, од кој понатаму се произведува авионско гориво.

- Advertisement -

Бидејќи кулата го користи воздухот како суровина, кога се согорува горивото јаглерод диоксидот што се испушта само го зазема местото на тој што веќе е искористен за производство на тоа гориво.

Комерцијална фабрика од овој тип би можела да произведе 40 милиони литри авионско гориво годишно. Тоа е доволно за околу 600 трансатлантски летови. Авијацијата произведува околу 3% од глобалната емисија на СО2, главно затоа што авионите согоруваат керозин, гориво добиено од сурова нафта.

- Advertisement -

Кулата ја осмислија на школата за технологија ETH во Цирих.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -