Шкотска и враќа на природата 30% од својата површина

- Advertisement -

Шкотска одлучи да врати 30% од својата површина на природата со цел да го надомести губењето на природните живеалишта и ефектите од климатските промени.

Моментално 1/5 од целата површина на Шкотска е заштитена, но до 2030 година ќе бидат оградени уште 5.000 км2. Од шкотската влада велат дека можеби ќе одат и чекор понатаму со цел да дојдат до бројка од 37%, колку што имаат заштитен дел од морињата.

- Advertisement -

Шкотска ќе инвестира и 550 милиони евра во обновување на шумите и на површините под тресет, кои заземаат 1/4 од површината на земјата. Причината за тоа е што тресетот кога е здрав е најдобар природен складирач на јаглерод диоксид на Земјата, но кога ќе почне да се распаѓа знатува голем загадувач на воздухот со СО2.

И дргуди земји преземаат мерки за заштита на природата. Германија, на пример, заштитува 38% од својата површина, додека Словенија заштитува над 40%.

- Advertisement -

Глобалната популација со див свет се има намалено за 68% од 1970 година досега, што е алармантна бројка. Поради уништување на природните живеалишта и климатските промени во опасност од истребување се 1 милион видови животни и растенија.

Нашиот воздух, водата и системите за храна и повеќе од половина од светскиот БДП директно зависат од природата.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -