Е вропскиот парламент вчера го потврди конечниот договор за договорите на далечина за финансиски услуги. Имено, се воведува копче за откажување од онлајн купување.
„Штом ќе појдеме на интернет ни се нуди да купиме нешто. Било да читаме вести, да се дпишуваме со пријателите, огласите постојано излегуваат. Покрај тоа, неретко се создава лажен впечаток дека станува збор за акции кои траат ограничено време или производите се во ограничена количина, па купувачите често носат избрзана одлука“ велат оттаму.
Бидејќи многумина зажалуваат поради таквите одлуки, често сфаќаат дека многу е потешко да се излезе од таквиот купопродажен договор отколку што било да кликнат што побрзо за да не пропуштат нешто.
„Затоа сме пресреќни што успеавме да преговараме за воведување на т.н копче а откажување. Едноставна алатка со која потрошувачот со два клика може да се откаже од купување. Веруваме дека тоа ќе донесе мала револуција во онлајн купувањето“ велат од ЕУ.
Според новите прописи, копчето за откажување ќе биде на видливо место, а потрошувачот ќе може да кликне на него во рок од 14 дена од склучувањето на договорот, ако бил добро известен за условите на договорот. Ако не бил добро информиран за условите на договорот, тогаш ќе може да се повлече во рок од година и 14 дена.
Речиси половина од европските граѓани велат дека над нив се врши притисок да купат нешто преку телефон или порака. Директното лесно откажување од таквите договори ќе се однесува на се купено надвор од продавница, вклучувајќи ги и т.н. продавници на куќниот праг. Тоа се одлични вести, особено за најранливите категории граѓани, кои често се жртва на такви измами.
(Bizlife)
(фото: Pixabay)