Научници од Универзитетот Толедо докажаа дека модифицирана бактерија која вообичаено се наожа во стомакот може да го намали крвниот притисок. Ова откритие отвора нови врати кон искористување на сопствените микробиоми за лекување на хипертензијата.
Студијата, која беше објавена во весникот Pharmacological Research, претставува сосема нов правец во третирањето на хипертензијата, објаснуваат авторите на стдијата од Универзитетот толедо.
„Прашањето кое секогаш си го поставувавме е дали можеме да ги искористиме микробиомите за да го подобриме здравјето, а постигнувањето оптимален крвен притисок на тој начин е чекор во вистински правец. Се досега знаевме дека промените во микробиомите имаат огромна улога во контролата на притисокот, нo не секогаш се правилно применети“, велат од универзитетот.
Шефот на Катедрата по фармакологија и физиологија при универзитетот е пионер на полето врските меѓу нашиот стомак и регулацијата на крвниот притисок. Во нејзиното последно истражување таа и нејзиниот тим ја тестирале бактериијата лактобацилус паракасеи, цревна бактерија која специјално ја модифицирале за да го произведува протеинот наречен ACE2 и ја тестирале на лабораториски стаорци со предиспозиција за висок крвен притисок.
Овој протеин има негативно влијание врз регулацијата на системот кој го генерира ангиотензин II, хормон кој го покачува крвниот притисок на повеќе начини, вклучувајќи го и стеснувањето на крвните садови. Со давање на модифицираната бактерија лактобацилус паракасеи како пробиотик, истражувачите внесле човечки ACE2 во цревниот систем на стаорците кој го намалил антиотензинот и го снижил нивниот крвен притисок.
Интересно е тоа што овие ефекти биле забележани само кај женските стаорци, Истражувачите не се сигурни која е причината за тоа, но шпекулираат дека може да е поврзано со фактот дека женскиот пол има две функционални копии на ACE2.
(News Wise)
(фото: Flickr)