Во Англија се тестираат паметни сообраќајни знаци кои детектираат кога користите мобилен телефон додека возите

- Advertisement -

Возачите кои ги користат мобилните телефони додека возат во иднина ќе бидат прекорени и засрамени од страна на нов систем за детекција. Во Англија, поточно во Норвич се тестираат паметни сообраќајни знаци кои детектираат кога се испраќаат дигитални сигнали од уред во возилата, било да е тоа повик, текстуална порака или сурфање на Интернет.

Кога сензорите на знаците ќе детектираат дека користите телефон додека возите, ќе ви прикажат слика од мобилен телефон во црвен круг, пречкртан со црвена линија за да ви посочат дека е погрешно. Моментално сообраќајните знаци се тестираат во Норвич, но доколку тестирањето биде успешно, во блиска иднина може да се најдат на сите патишта во светот.

- Advertisement -

Знаците чинат по 8.000 долари и засега се поставени само три на улиците на Норвич. Иако немаат опција да разликуваат дали возачот или некој патник користи телефон, сепак ќе ги потсетат луѓето дека е опасно да се користи мобилен телефон додека седите на возачкото седиште, пишува DailyMail.

Оваа технологија не може да ги памети регистарските таблички или да издава казни, но податоците кои ги собира ќе ги сподели со полицијата за во иднина. Компанијата која ги направи сообраќајните знаци, Westcotec, со седиште во Норфолк, соработува со власти од целиот свет, вклучувајќи ја Аргентина, Словенија и Нов Зеланд, на имплементацијата на технологијата која предупредува на употреба на мобилни телефони.

- Advertisement -

Во Велика Британија луѓето кои користат мобилен телефон додека возат и се фатени на дело се соочуваат со казна од околу 260 долари (200 фунти) и шест казнени поени во возачката книшка. Новите сензори во сообраќајните знаци можат и да разликуваат дали се користи 2G, 3G или 4G сигнал.

Сподели!
- Advertisement -