Ова е првата 3Д печатена куќа која може да преживее земјотрес од 9 степени

- Advertisement -

Куќа која може да преживее земјотреси беше испечатена во Гватемала со 3Д печатач. Куќата беше направена за 26 часа. Ова не е прв пат да се печати куќа, но тимот кој стои позади овој проект верува дека успеале да дизајнираат куќа којае отпорна на силни земјотреси.

Органските ѕидови биле комбинирани со традиционални техники од регионот, како што е кровот направен од палмини листови. За да ја направат куќата со 49 квадратни метри компанијата COBOD International, која е провајдер на 3Д печатачи, склучи партнерство со 3DCP Group, која била задолжена за печатењето заедно со компанијата за цемент Progreso.

- Advertisement -

Куќата има ѕидови високи 3 метри, а била печатена во период од седум дена. Архитектурата на куќата се базира на органски форми кои инаку би биле многу скапи, дури и неизводливи со цементни блокови, коие се доминантен градежен материјал во регионот, велат од COBOD.

3Д печатењето остава поголема слобода. На пример, ако го погледнете планот за животно кое живее во тој регион. Кровот на куќата е направен од пламини листови и личи на крововите кои ги има по цела Централна Америка. Ваквиот тип на кровови се евтини, обезбедуваат термална изолација и се совршени за сеизмички региони затоа што се направени од лесен и флексибилен материјал.

- Advertisement -

Со цел да се осигураат дека структурата може да ги издржи силните сеизмички потреси во регионот архитектите ја пресметале потребната цврстина и така добиле куќа која е дизајнирана да издржи земјотрес од 9 степени.

Компанијата COBOD, исто така, ја диззајнираше првата3Д печатена куќа во Европа во градот Копенхаген, Данска. Исто така, испечати и училиште во Украина со цел да помогне во обновата на земјата погодена од војна.

- Advertisement -

(Euro News)

Сподели!
- Advertisement -