Десет градови каде што може да пукне балонот на недвижности

- Advertisement -

Ниските каматни стапки кои стојат на исто ниво со години, како и евтините хипотеки ја зголемија побарувачката за станбен простор. Но, понудата на пазарот не расте со исто темпо како побарувачката. Токму затоа, во целиот свет скокна цената на просторите за живеење. Кога тој скок е неодржлив, се случува ситуација која се вика балон на недвижности.

Ако таквиот балон пукне, цените може да се вивнат до небо, а експертите велат дека растот на каматните стапки во последно време може да биде иглата која ќе го пукне тој балон. Ова се десетте градови во светот кои се во опасност од пукање на еден таков балон.

- Advertisement -

На десетто место е Мајами, на деветто е Токио, па следуваат Тел Авив, Амстердам и Ванкувер. Првата петорка на градови со најголем ризик од пукање на балонот на недвижности е составена од Хонгконг на петто место, Минхен на четврто, Цирих на трето, Франкфурт на второ и Торонто на прво место.

Додека падот на цената на квадратен метар не оди во прилог на сопствениците на недвижности, тоа е одлична вест за луѓето кои сакаат да купат станбен простор.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

- Advertisement -

(фото: Pix4free)

Сподели!
- Advertisement -