Компанијата SpaceX доби дозвола од федералната администрација за авијација за втор обид за лансирање на ракетата Starship Super Heavy ткако беше установено дека се исполнети сите безбедносни, еколошки и финансиски услови.
Од SpaceX веднаш по добивањето на дозволата соопштија дека второто лансирање ќе се случи на 17 ноември и тоа во временски прозорец од два часа.
Starship претходно беше приземјена поради истрагата која следуваше после првиот обид за орбитално лансирање во април годинава. Ракетата експлодираше во воздух кратко после лансирањето. SpaceX во септември соопшти дека причината била протекување на погонско гориво од Supеr Heavy бустерот. .
Ако се оди според планот, Starship ќе лета 90 минути после лансирањето, а потоа ќе следува вертикално спуштање во Тихиот Океан.
(Klix.ba)