- Advertisement -
Минатиот викенд крадци упаднале во магацин на логистичка компанија во Дуизбург и од него украле неверојатна количина работи, јавува германската новинска агенција (dpa).
Градската полиција соопшти дека меѓу другото во магацинот недостасуваат 2.000 ЛЕД телевизори и 16.000 електрични четки за заби. Крадците однеле и сеф тежок повеќе од 100 килограми. Сè на сè, штетата е проценета на 1,4 милиони евра, пренесува Fenix Magazine.
- Advertisement -
Крадци упаднале во зградата кршејќи прозор. Полицијата ги истражува индициите и ги прегледува снимките од надзорните камери и ги повикува потенцијалните сведоци да излезат. Tие сметаат дека крадците заминале со неколку камиони стока.
Извор: CdM
- Advertisement -