Холандската технолошка компанија Philips на јавноста и го претстави првиот мобилен уред за магнетна резонанца во светот, кој користи значително помала количина хелиум.
Уредот BlueSeal MR Mobile е лесен и може да се преместува на соодветно место за пациентите, на пример, во близина на главниот влез воболницата, велат од компанијата во соопштението.
На уредот за магнетна резонанца вообичаено му требаат околу 1.500 литри течен хелиум, а на BlueSeal му требаат само 7 литри, што значително ја скратува подготовката за работа и ги намалува трошоците, велат од холандската компанија.
BlueSeal MR Mobile може да се поврзе и со радиолошки оперативен центар на Philips и да овозможи комуникација и консултација на доктори со други институции во реално време, со употреба на аудио, видео и можност за чет.
(Zimo)
(фото: YouTube)