ВИДЕО: Се гради хотел во карпа во Саудиска Арабија

- Advertisement -

Саудиска Арабија не престанува да не изненадува. После откривањето на проектот NEOM, во склоп на кој среде пустина ќе се гради облакодер со должина од 170 км и футуристичкиот облакодер Epicon, кој го нарекуваат фатаморгана на градежништвото во пустина, сега го претставија луксузниот хотел Siranna, до кој ќе може да се дојде исклучиво по морски пат. Овој хотел ќе биде сместен на осамено место на брегот на заливот Акаба во северозападниот дел од Саудиска Арабија.

Ова ултралуксузно место ќе биде дом на хотел со 35 ексклузивни резиденции, кои ќе имаат постојан поглед на Црвеното Море, а со својот повеќеслоен дизајн ќе понуди различни погледи и перспективи. Хотелот ќе биде поставен на шастоаголни столбови, кои се комплементарни со околните планини и флората, како што можете да видите и од видеото во прилог.

- Advertisement -

За опуштање на посетителите ќе им биде обезбеден познат клуб на плажа, спа и врвни велнес содржини. Тие што сакаат да се поврзат со животната средина, во текот на својот престој ќе уживаат во патеките, кои ќе можат да ги изодат пеш или да јаваат на коњ.

Базиран на принципот да се осигура минимална интервенција во природата, ќе се користат промислени и намерни техники за зачувување на околната средина, архитектурата ќе оддаде почит на наследството на локалното подрачје и незабележително ќе се вклопи во соседната планина.

- Advertisement -

Siranna е уште еден пример за намерата на NEOM е да создаде простор во природата кој го поддржува одрливиот живот во иднина и неговата креативнос a истовремено нудат врвно луксузни угостителско искуство.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -