Облеката во иднина ќе може да ја менува бојата со само неколку потези,велат истражувачи од хонгконшкиот стартап AiDLab. Тие тврдат дека тоа може да се постигне со помош на вештачка интелигенција.
Ткаенината од полимерни оптички влакна и текстилните материјали можат да се осветлат во повеќе различни нијанси, објаснуваат од Лабораторијата за вештачка интелигенција и дизајн AiDLab.
Подигнат палец пред ткаенината ја активира темно сината боја, знакот на срце активира црвена боја, а знакот ОК зелена боја. .
Боите може да се прилагодат и и преку апликација за телефон, а алгоритмите за вештачка интелигенција и помагаат на камерата да ги идентификува движењата на корисникот.
Технологијата би можела да помогне во намалувањето на отпадот така што на луѓето ќе им даде поголем избор на облека, велат истражувачите од AiDLab.
Од AiDLab се надеваат дека иновативната технологија во иднина ќе биде комерцијализирана. Моментално може да се најде во трговски центри и на други локации во Хонгконг.
(Reuters)