Нова научна теорија – диносаурусите ги убиле климатски промени

- Advertisement -

Климатските промени предизвикани од ерупцијата на многубројни вулкани пред околу 65 милиони години се главната причина за исчезнувањето на диносаурусите од Земјата, тврдат научници од Универзитетот Монтреал.

Проучувајќи ги карпите и камените наслаги на вулкански локации во Индија, Велика Британија и во Шведска, како и со лабораториски испитувања научнциите дојдоа до сознание дека 200.000 години пред изумирањето на диносаурисите еупциите во атмосферата на планетата исфрлиле огромни количини сулфур и флуор.

- Advertisement -

Големите количини на тие гасови, особено сулфурот, предизвикале глобално ладење, после што Земјата влегла во климатски период т.н. вулканска зима. После релативно наглите промени во составот на атмосферата и големиот број ерупции таквите зими траеле со децении.

Таквите климатски нестабилности најверојатно се причина за изумирањето на многу билки и животни, како и за самите диносауруси, вели еден од авторите на студијата, Дон Бејкер.

- Advertisement -

Новите тврдења на научници од Универзитетот Мекгил се спротивни на веќе општо прифатеното мислење дека огромните влекачи биле избришани од лицето на Земјата после падот на астероди со дијаметар од околу 10 км, кој пред 66 милиони години се судрил со Земјата некаде во близина на денешниот полуостров Јукатан во Мексико. Притоа бил направен кратер со пречник од 180 км.

Конвенционалната наука смета дека директна последица на таквата катастрофа било изумирањето на 75% од сите билки и животни кои тогаш ги имало на планетата.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -