Еколошките ефекти на електричните автомобили се забележуваат дури после 65.000 км

- Advertisement -

Климатските ефекти на употребата на електрични автомобили се позитивни дури кога возилото ќе помине 65.000 км, под услов да се полни со т.н. зелена струја. Ако се користи струја добиена од јаглен, на пример, бенефитите ќе се почувствуваат дури за 90.000 км.

Тоа го пресмета Здружението на германски инженери, кое во пресметката ја вклучи и емисијата на штетни гасови во целиот процес – од копање суровини, преку производство на батерии до нивниот транспорт од Азија.

- Advertisement -

„Електричните и хибридните возила на улица излегуваат со еколошка хипотека поради ресурсно интензивно производство на погонска технологија, затоа што производството на батерии денес е исклучиво сместено во Азија“ вели претседателот на Здружението, Јоахим Дамаски.

Според нив, границата на поволна експлоатација во Германија може да ја помести ефиксната рециклажа на суровини – литиум, никел и кобалт. Понатаму, неопходен е понатамошен развој на климатски неутралните извори на енергија, како и еколошки помалку штетни батерии.

- Advertisement -

„Електромобилитетот на климатските промени навистина станува поволен со помал еколошки отпечаток преку позелено производство на батерии и суровини“ вели Дамаски.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -