Бил Гејтс инвестира во револуционерна ултра топла батерија

- Advertisement -

Американската компанија Fourth Power, која се занимава со развој и производство на термални системи за батерии развива батериски систем кој го нарекуваат „Сонце во кутија“, а се базира на технологија која е 10 пати поевтина од литиум-јонските батерии и значително помоќна и поефикасна од која било друга термална батерија. Тие тоа сакаат да го докажат со прототипот од 1 MWh.

Fourth Power е една од многуте компании кои работат на решенија за складирање енергија. Комапнијата е со седиште во Масачусетс и ја финансира фондот Breakthrough Energy Ventures на милијардерот Бил Гејтс.

- Advertisement -

Нивната идеја е прилично едноставна: земаат вишок обновлива енергија и ја употребуваат за загревање на нешто поставено во добро изолиран систем за складирање. Притоа користат многу евтини блокови од графит за масовно складирање енергија, кои се загреваат до високи 2500 °C.

Енергијата се движи околу системот со помош на течен калај, кој се топи на релативно ниски 232 °C, а се базира на пумпа која го држи светскито Гинисов рекорд, а ја дизајнираше основачот на компанијата, д-р Асеѓун Хенри.

- Advertisement -

На високи температури над 1.000 °C течниот калај може да ги уништи металните пумпи, но Хенри тврди дека неговиот проектиран керамички дизајн работи до речиси половина од температурата на Сонцето.

Овие пумпи го поместуваат прегреаниот течен калај околу графитен одводен систем, пренесувајќи ја топлината на графитните блокови, а потоа ја одведуваат од блоковите во систем за обновување на енергија кога е време да се испрати назад во мрежата.

- Advertisement -

За да се врати енергијата течниот калај се пумпа низ повеќе графитни цевки во низа ќелии за собирање енергија. Овие цевки стануваат целосно вжарени и емитуваат силна светлина, која се собира преку термфотонапонски ќелии, слични на соларните ќелии, но се подесени за оптимална работа со овој систем за складирање.,

На тие температури речиси целиот пренос на топлина се одвива како светлина, а не како пренослива или конвекциска топлина, а ваквите системи можат да собираат енергија со помош на фотонапонски принципи.

Од американската компанија велат дека ваквиот систем овозможува топлинска батерија која неверојатно брзо реагира, ја враќа енергијата назад во мрежата во рок од неколку секунди од зголемената побарувачка и носи невидена густина на моќност, со оглед на тоа дека системот може да пренесе 10 до 100 пати повеќе топлина од која било друга компанија со опрема од истата големина.

Неодамна од Fourth најавија инвестиција од 19 милиони долари, која е заедничка на фонсовите Breakthrough Energy Ventures и Black Venture Capital Consortium. Тие пари ќе се искористат за исградба на прототип од 1 мегават-час во близина на Бостон, кој се проценува дека ќе биде готов во 2026 година.

(Vidi.hr)

(фото: European Battery Alliance)

Сподели!
- Advertisement -