Иновативен проект на луѓето во Оксфорд ќе им овозможи почист воздух со помош на џиновски батерии

- Advertisement -

Иновативниот проект „Зелена енергија“ („Green energy“) во Оксфорд, Англија, ќе претстави батерии со големина на бродски контејнери кои треба да придонесат за намалување на емисијата на јаглерод диоксид и подобрување на воздухот во градот. Покрај батериите, со проектот се планирани и станици за полнење електрични автомобили, како и топлински пумпи во целиот град кои ќе можат да даваат енергија за греење на куќите по пониска цена.

Со пионерска употреба на вештачка интелигенција и софтвер за интелигентно тргување енергијата и батериите ќе може да се продаваат во целата мрежа кога ќе се зголеми побарувачката. Истата програма ќе обезбеди и енергија за споменатите топлински пумпи, кои ќе ги има 320. 

- Advertisement -

Програмата ќе работи во време на пониски цени на енергијата, што ќе го намали финансискиот трошок. Батериите ќе напојуваат 4.500 места за брзо полнење електрични возила, со што ќе се електрифицира цела флота автобуси, такси и товарни возила.

Околу 90 други проекти во градот, вклучувајќи локална соларна и хидроенергија, ќе помогнат за снабдување на населението со енергија и ќе помогнат да се полнат џиновските батерии. Ќе  се создаде и локална енергетска мрежа и ќе се овозможи рамноправно тргување, што значи дека луѓето ќе можат да го одвојат вишокот енергија за своите соседи и да се децентрализира потребата за енергија.

Сподели!
- Advertisement -