Индија ќе користи вештачка интелигенција за прецизни временски прогнози

- Advertisement -

Индија тестира вештачка интелигенција за изработка на климатски модели з подобри временски прогнози додека Земјата се соочува со се почести пожари, поплави и суши.

Глобалното затоплување поттикна екстремни временски услови во Индија последните години, за кои независниот Центар за науки и животна средина проценува дека годиава биле виновни за смртта на речиси 3000 луѓе.

- Advertisement -

Метеоролошките агенции ширум светот се фокусираат на вештачката инбтелигенција, која може да ги намали трошоците и да ја подобри брзината, за кои Британската метеоролошка канцеларија вели дека може да ја револуционизира временсдката прогноза со неодамнешниот модел кој го финансира Google и се покажа дека ги надминува конвенционалните методи.

Точната временска прогноза посебно е битна во Индија, земја со 1,4 милијарди луѓе, кои се многу сиромашни, и воедно е најголем светски производител на пченица, ориз и шеќер.

- Advertisement -

Индиската метеоролошка канцеларија дава прогнози базирани на математички модели со помош на суперкомпјутер. Користењето на вештачка интелигенција со помош на проширена мрежа за набљудување би помогнало во создавањето поквалитетни податоци за предвидување по пониска цена.

Оваа канцеларија очекува дека климатските модели и советите кои се развиваат базирани на вештачка интелигенција ќе помогнат за подобри временски прогнози. Канцеларијата користела вештачка интелигенција за генерирање јавни предупредѕвања во врска со топлотни бранови и болести како што е маларијата. Планираат да ги зголемат временските опсерватории до ниво на села, потенцијално нудејќи податоци со повисока резолуција за прогнозирање.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -