Наследничката на „L’Oreal“ стана првата жена со богатство од 100 милијарди долари

- Advertisement -

Франсоаз Бетанкур Мејерс, наследничката на „L’Oreal“ стана првата жена која поседува богатство од 100 милијарди долари, покажуваа најновите податоци на „Bloomberg“. Акциите на „L’Oreal“ се на рекордно високо ниво и само годинава пораснаа 35%.

Франсоаз е единственото дете на Лилијан Бетанкур, чиј татко, Јуџин Шулер, е основач на „L’Oreal Group“. Таа ги наследила акциите на нејзината мајка кога почина во 2017 година. Бетанкур Мејерс е претседателка на семејната холдинг компанија „Tethys“ и потпретседателка на управниот одбор на „L’Oreal Group“.

- Advertisement -

Најголемата светска козметичка компанија, која поседува широко портфолио на брендови од „Lancome“ до „Maybelline“, оствари повеќе од 38 милијарди евра (42 милијарди долари) од продажбата во 2022 година.

Богатството на Бетанкур Мејерс сè уште е „бледо“ во споредба со богатството на сопственикот на „LVMH“, Бернард Арно, најголемиот светски производител на луксузни стоки. Тој е втор најбогат човек во светот според индексот, со нето богатство од 179 милијарди долари.


Сподели!
- Advertisement -