LG на CES ќе претстави пионерски производи од LG Labs

- Advertisement -

До официјалниот старт на најголемиот саем за потрошувачка електроника остануваат упте неколку дена, а големите компании кои ќе настапат таму веќе почнаа да најавуваат што можеме да очекуваме од нив. Така, LG Electronics најави претставување на своите најнови линии на иновативни и пионерски производи кои произлегле од LG Labs.

Меѓу бројните интересни производи, посебно место ќе заземе DukeBox, иновативниот аиудиопроизвод за кој од LG велат дека е успешна комбинација од шармот на аудиосистемите со вакуумски цевки со врвна ОЛЕД транспарентна технологија.

- Advertisement -

DukeBox е конципиран како спој на традиционални чувства и најнова технологија, а претставува модернизиризан џубокс кој ја ревитализира длабочината на звукот и сликата. DukeBox е мултифункционален и може да се користи за уживање во висококвалитетни содржини како филмови или дури и за создавање удобна атмосфера на камин каде што вакуум системот е видлив меѓу пламенчиња кои треперат.

Вниманието ќе го привлече и Bon Voyage, прилагоден животен простор, осмислен со идејата да се пренесат квалитетите на домот во природата. Bon Voyage помина низ редизајнирање и прилагодување на димензиите на камп приколка, што на крај резултирало со оптимизирано искористување на просторот и зголемена мобилност.

- Advertisement -

Широк е 2 метри, долг 3,8 метри и висок 2,2 метри. Bon Voyage може да биде опремен со различен мебел и уреди, вклучувајќи кревет, фрижидер, електричен шпорет, прочистувач на вода. Со можност за лесно паркирање и поврзување за автомобил, неговата сестраност овозможува удобно уживање каде било.

Уште еден возбудлив производ е DUOBO, апарат за кафе во капсули, кој може да истисне кафе од две капсули истовремено. DUOBO беше претставен преку crowdfunding кампаеа во САд, а на CES ќе биде поставен голем модел заедно со ликот на вселенскиот миленик по имеCUBO.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Facebook)

Сподели!
- Advertisement -