Можете да кажете кои од луѓето во вашата околина се харизматични, но кога некој би ве прашал како сте го одредиле тоа, не би можеле баш да го објасните тоа. Тоа е прилично интуитивно расудување.
Но, тим од истражувачи од Универзитетот Торонто сега тргнаа од идејата дека може квантитативно да се одреди харизмата. Според нивните податоци, објавени во весникот Journal of Personality and Social Psychology, со помош на овие шест прашања можете да одредите колку сте харизматични.
Се што треба е да оцените од 1 до 5 кој број одговара на овие тврдења подолу.
- Плени со своето присуство;
- Има способност да влијае на луѓето;
- Знае како да биде лидер на група;
- Може да направи луѓето да се чувствуваат пријатно;
- … често се насмевнува;
- Може да се сложи со речиси сите луѓе.
Сега вкупниот збир од сите шест прашања поделете го со шест за да го добиете резултатот за вашата харизма. Ако оцеката е повисока од 3.7, тогаш сте похаризматични од просечната личност, сметаат истражувачите.
Во истражувањето учествувале 1.000 луѓе, а истражувачите утврдиле после низа прашања дека харизмата зависи од два пресудни фактори: влијание – способност за раководни позиции и јачина на присуство и љубезност – да се биде љубезен и пристапен.
Што е уште поважно, харизмата не постои во вакуум, туку многу зависи од луѓето во околината, односно од социјалната интеракција. И уште нешто. Немојте да паничите ако резултатот ви е под 3.0. Има многу начини да покажете кои сте и кои се вашите квалитети.
(Bizlife)
(фото: Pexels)