ВИДЕО: Слушалки со вграден филтер за воздух

- Advertisement -

Концептот на комбинирање на слушалки со вграден филтер за воздух звучи како нешто измислено, но, всушност, станува збор за производ кој навистина постои и наскоро ќе може да се купи.

Имено, после шест години развивање и десетици прототипови, компанијата Dyson конечно ги претстави слушалките The Zone. The Zone се слушалки кои ги блокираат надворешните звуци и симултано го насочуваат звукот во ушите додека го прочистуваат воздухот кој го дишеме преку носот и устата благодарение на магнетниот визор за лице.

- Advertisement -

Ова е најчудниот и најамбициозниот производ на компанијата досега и е нивно решение за урбаниот проблем со загадувањето со бучава и со штетни гасови. Можеби ќе помислите дека производот има за цел да профитира од моменталанта ситуација со пандемијата, но всушнсот Dyson работи на овој проект многу подолго од тоа.

Како што велат од компанијата, главниот фокус им е да им помогнат на луѓето да го избегнат урбаното загадување на воздухот. Постојат документи уште од 2013 година кои потврдуваат дека Dyson поднел патент за таков производ. И додека многумина не мислеа дека ќе го види светлото на денот поради бизарниот дизајн, Dyson ќе почне да го продава во текот на оваа година.

- Advertisement -

„Загадувањето на воздухот е глобален проблем. Dyson Zone го чисти воздухот додека се движите и за разлика од маските за лице, ви носи свеж воздух без да го допира лицето благодарение на филтри со високи перформанси и две мини пумпи за воздух. После шест години развој, возбудени сме што ќе можее да ви понудиме чист воздух и совршен звук насекаде каде одите“ велат од Dyson.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -