Се до неодамна во Volkswagen се надеваа дека до средината на оваа деценија ќе можат да ја престигнат Teslа и да станат водечка компанија на пазарот за електрични возила. Но, испадна дека реалноста е сосема поинаква.
Деновиве навистина се зборува за компанија која може да ја замени Teslа, но тоа не е Volkswagen, туку кинески BYD, кој во последните три месеци од минатата година продал најмногу електрични автомобили во светот. Од друга страна, на кинескиот пазар е забележана многу мала побарувачка за новиот модел VW ID.7, што не се добри вести за германската компанија, за која Кина е многу битен пазар.
И покрај тоа, се до неодамна од германската компанија коментираа дека нема за велгуваат во ценовна војна со Teslа и останатите конкуренти, но бидејќи ситуацијата на пазарот не им оди од рака, одлучија да се прилагодат и да направат неколку потези за да станат поконкурентни во однос на Teslа и растечкиот број кинески компании.
Долгорочно, односно во наредните неколку години планираат да претстават поевтини модели на електрични автомобили по цена од 25.000 евра, а можеби и по 20.000 евра. Што се однесува на краткорочните потези, VW неделава најави намалување на цените на своите модели на европските пазари.
Така, во Франција моделот ID.3 Pro сега чини помалку од 40.000 евра, додека цената на моделот со појака батерија од 77 kWh ќе чини 44.310 евра. Намалена е и цената на моделот ID.4 и сега ќе чини 44.000 евра. И во Германија почетната цена на ID.3 ќе биде помала од 40.000 евра. Иста ќе биде цената на ID.3 и во Норвешка, која е најнапред во поглед на електрификацијата, a VW најави и промена на ценовната политика и во Белгија и во Шведска.
Минатата година на европскиот пазар биле продадени нешто повеќе од 2 милиони електрични автомобили, што е пораст во однос на 1,6 милиони во 2022 година, а за 2025 година се очекува таа бројка да се приближи до 5 милиони.
(Arena EV)
(фото: Formex)