ВИДЕО: Претставен првиот лаптоп без екран и со проширена реалност во светот

- Advertisement -

На годинашниот саем за потрошувачка електроника CES може да се видат секакви нови лаптопи од разни производители, но ниту еден не е толку оригинален како Spacetop, уредот кој го произведува и го продава стартапот Sightful.

За разлика од сите други производители на преносни уреди, Sightful целосно го исфрли екранот од својот дизајн, а наместо него, во пакет добивате VR очила со чија помош ќе можете да гледате виртуелна слика на екран со дијагонала од 100 инчи, кој можете да го поделите и на три екрани. Тоа можете да го видите од видеото во прилог.

- Advertisement -

Ако мислите дека Spacetop работи со оперативен систем Windows, тоа не е точно. Лаптопот работи на Android, а она што го сочинува лаптопот се тастатура и touchpad, така што ова е нешто помеѓу класичен лаптоп и VR очила, па според мислењето на Sightful, треба да е идеален за корисници кои навикнале на работа со обични лаптопи.

Оперативниот систем на Spacetop работи со процесорот Qualcomm Snapdragon XR2, кој се наоѓа во Meta Quest 2 VR очилата од 2020 година, со 8 GB RAM и 256 GB простор за складирање.

- Advertisement -

Интересно е дека Sightful не ги развил очилата кои се добиваат со уредот, туку тие се дело на компанијата Xreal Lights од 2021 година, па може да се рече дека лаптопот Spacetop AR е составен од стари компоненти и како таков, тешко ќе има успех на пазарот, посебно со цена од речиси 2.000 евра.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Spacetop)

Сподели!
- Advertisement -