Додека SpaceX работи на најголемата ракета во историјата на човештвото, со која еден ден луѓето ќе патуваат се до Марс, а можеби и подалеку, научниците и дизајнерите размислуваат за други начини на кои би можеле да патуваме во вселената. Познато е дека Google во рамките на својот проект Мoonshot размислува за развој на вселенски дизајн кој би овозможил целосно нов начин н апатување во вселената, но компанијата се откажа од таа идеја. Барем засега.
А како би можело да изгледа нивното футуристичко превозно средство покажа дизајнерот Џордан Вилијам Хјуз, кој за својот дизајн наречен Ascensio ја освои наградата на Фондацијата Жак Ружери од Париз за вселенска архитектура и иновација. Неговите идеи и замисли сигурно нема да се реализираат во некоја блиска иднина, но којзнае, можеби еден ден ваквиот начин на патување во вселената може да стане вообичаен и делумно да ги замени ракетите.
Според Хјуз, ракетите што се користат денес се неефикасни и скапи, а селожи и за околината. Наместо ракети, за патување во орбитата замислува структура која ги поврзува вселенските станици со Земјата, односно брод кој би се движел по океаните за да држи чекор со вселенското пристаниште.
Тоа би донесло револуција во начинот на којшто патуваме и би ги направило тие патувања поодржливи, вели Хјуз за BBC, но нагласува дека станува збор за многу скап и амбициозен проект, кој сигурно нема да се реализира во наредните десет години. моментално таквите идеи се научна фантастика, но Хјуз верува дека еден ден во иднина навистина ќе изгради вселенски лифт.
(Zimo)
(фото: Flickr)