Компанијата Kiimo на Давид Павловски е прва од Македонија која собира инвестиции на Funderbeam! Ќе лансира иновативна достава на пратки!

- Advertisement -

Компанијата Eurovia и стартап компанијата Kiimo неодамна потпишаа договор за инвестирање со кој Eurovia се обврза да биде т.н. водечки инвеститор во Kiimo, со цел обезбедување на клучниот услов за отпочнување на кампања за прибирање дополнителни финансиски средства од страна на Kiimo преку глобалната иновативна crowdfunding платформа Funderbeam.  
Ова е прва кампања на македонска компанија откако Македонската берза ја направи Funderbeam платформата достапна на македонскиот пазар.
 

За очекувањата од оваа кампања и за иновативниот производ кој пто ќе се развива со помош на инвестицијата разговаравме со Давид Павловски, основач на компанијата Kiimo.

- Advertisement -

Г-н Павловски, кој е Kiimo?  

Киимо е компанија која е фокусирана да го реши пpоблемот на т.н средна и последна милја на достaвување на пакети во урбани средини преку користење на физичка инфраструктура и различни софистицирани софтверски решенија. 

- Advertisement -

Целта е да се постават ПУДО сандачиња за достава на пакети кои што би биле не подалеку од 500 метри од секој дом со што граѓаните би имале соодветно решение за достава на нивните онлајн нарачки кога не се дома. Онлајн купувањето станува составен дел од нашето секојдневие и со тоа се зголемува потребата за инфраструктура и напредно софтверско решение. 

Зошто токму Kiimo е првата компанија која стартува crowdfunding кампања на Funderbeam од Македонија? Раскажете ни од каде дојде идеја и како започна се?

Киимо е компанија која го адресира моментално најголемиот проблем, а тоа е доставата на пакети во урбани средини преку своите вертикално интегрирани сервиси и уникатен бизнис модел кој што е лесно репликативен во повеќе пазари. Целта на оваа кампања е можност за малите несофистицирани инвеститори да добијат шанса да бидат дел од оваа глобална приказна која што започнува во Македонија, а ќе биде составен дел на секое урбано општество.  

Малите инвеститори добиваат шанса да бидат дел од оваа глобална приказна која што започнува во Македонија, а ќе биде составен дел на секое урбано општество. 

- Advertisement -

Што конкретно ќе значи успешната кампања за развојот на вашот бизнис? 

Успешната кампања ќе го акцелерира поставувањето на инфраструктура во најмалку три градови во ЈИЕ како и тестирање на супер напредно софтверско решение во неколку вертикали со неколку светски партнери. Истовремено ќе претставува прво решение кое што е во координација со green deal на ЕУ, и целосна декарбонизација на доставата на пакети во урбани средини. 

Самата кампања има и свој водечки инвеститор. Кажете ни како Еurovia стана водечки инвеститор на кампањата?

Господинот Адеми е претприемач кој што целосно ја разбира визијата на КИИМО и можноста за раст на сервис кој што драстично ќе ја промени доставната индустрија и целосно ќе ја дигитализира за многу краток временски период. Генерално секогаш приоритет беше да имаме „smart investors“ кои што освен финансии би биле и наши советници со кои што ќе работиме секојдневно.   

Каков проект/технологија развивате во Kiimo и кои се бизнис планови врзани конкретно со crowdfunding кампањата? 

Развиваме најпрво инфраструктура на ПУДО сандачиња кои што го решаваат проблемот на достава на пратки кога нарачателот не е во можност да ја прими пратката на домашна адреса и ние сме алтернативниот метод за таа тематика. Технологијата е еден вид на екстензија на инфраструктурата со што би го направила целиот процес супер прилагоден за крајниот корисник. Кампањата е веќе поддржана од неколку стратешки инвеститори кои што се дел од логистичкиот сектор во САД.   

Кои се лично вашите очекувања од претстојната кампања и кој совет би им го дале на останатите домашни компании кои имаат потреба од финансии за развој на своите иновативни производи или услуги?   

Очекуваме кампањата да биде поддржана од многу повеќе мали инвеститори кои што би сакале да бидат дел од компанија фокусирана на регионален па и глобален успех.  

За компаниите кои што би сакале да подигнат свеж капитал би им препорачале да бидат многу фокусирани на паметен капитал наместо само на финансии. Сите што се заинтересирани да го поддржат нашиот проект треба да пратат емаил со име и презиме на адресата: celeski@duelconsulting.mk со што би добиле повратно покана за инвестирање. 

Елмедин Адеми

Водечкиот инвеститор во стартап компанијата Kiimo, за потребите на нејзината престојна кампања на Funderbeam е компанијата Eurovia.
Извршниот директор на Eurovia, Елмедин Адеми вели:
Како компанија која сопствениот почеток го има засновано врз претприемништвото и иновативноста, препознавме силна бизнис можност во овој проект. Впрочем, семејните вредности кои ги вградивме уште на почетокот во градежништвото, денес прераснаа во широк спектар на индустрии кои ја сочинуваат нашата групација која силно расте во земјава, но и во регионот. Нашата стратешка цел е да бидеме вистинска инвестициска компанија, фокусирана на иновации, нови технологии и динамичен развој. Токму затоа Eurovia ќе го поддржи овој стартап, затоа што делиме слични визии за тоа како можеме да го менуваме светот на подобро.

Потпишувањето на договор меѓу Киимо и Еуровиа

Инаку, ексклузивен застапник во нашата држава на естонската платформа за crowdfunding финансирање, Funderbeam, е Македонска берза АД Скопје. Преку оваа платформа македонските стартапи имаат можност за пазарно финансирање во зависност од нивната иновативност и конкурентност.

Секоја кампања на Funderbeam мора да има водечки инвеститор. Водечкиот инвеститор може да биде било кој правен субјект или физичко лице кои имаат добри познавања на бизнисот и економијата и оформена слика за инвестицискиот потенцијал на компанијата која ќе се обиде да прибере средства преку Funderbeam од други помали инвеститори од земјата и странство. Водечкиот инвеститор и самиот инвестира, со што демонстрира доверба во позитивните перспективи на компанијата.

Сподели!
- Advertisement -