Технолошката компанија GyroGear од Сингапур собра три награди во категоријата здравство на годинашниот саем за потрошувачка електроника CES за својата револуционерна ракавица GyroGlove, која е наменета да им помогне на луѓето со тремор на рацете, кој е проблем посебно кај болните од Паркинсонова болест.
Ракавицата моментално со спрелува тресењето на рацете и на луѓето зо особено изразен тремор им овозмоѓува нормално да функционираат, да пишуваат, да цртаат, да јадат, да тураат кафе во шолја и да вршат други работи кои претходно не можеле.
За да го поништи треморот ракавицата користи сензори на движење и жироскопска технолгија со вградне жироскоп, кој според компанијата, се врти трипати побрзо од пропелерот на млазните мотори. Во срцето на системот е мотор со постојан магнет (PMSM), развиен во соработка со Cambridge Math и Кралскиот колеџ во Лондон, со помош на НАСА. Технологијата е ставена во куќиште кое го направи Foxconn, познат прозводител на електроника од Тајван.
Напредните литиум-полимерски батерии овозможуваат 4 часа континуирана употреба или 10 часа повремена уопотреба со едно полнење, а од компанијата велат дека направил детални тестирања и развиле производ кој строго се придржува до највисоките стандарди за медицински уреди IEC60601, ISO13485, ISO10993-10 и IEC62304.
Компонентите се дизајнирани да бидат лесни за држење и маневрирање на лица со тремор на раце, а големото копче на материјата овозможува напојување и навигација на екранот, каде што се прикаѓува статусот на батеријата. GyroGlove тежи околу 580 грама, со стабилизација и енергетски модули по 200 grama.
GyroGlove е достапна за продажба во целиот свет по цена од 5.899 долари.
(Vidi.hr)
(фото: Dnevno.hr)