ВИДЕО: Ако немате место за голем телевизор, ова е решение за вас

- Advertisement -

Се поголемите телевизори стануваат еден вид проблем во модерните домови затоа што не може во мал стан да ставите голем телевизор без да ви пречи во секојдневните активности. Едно можно решение претстави LG на саемот CES 2019 во форма на нова генерација телевизори со со првиот OLED телевизор во светот кој има екран на извлекување.

LG SIGNATURE OLED TV R има променлива форма која овозможува OLED технологија. Има одлична слика и звук. Благодарение на екранот на извлекување, LG SIGNATURE OLED TV R има на располагање три опции за гледање: Full View, Line View и Zero View. На овој начин корисниците ќе можат да гледаат телевизија како никогаш порано.

- Advertisement -

Опцијата Full View овозможува гледање на голем екран со одличен контраст, длабочина и реалистичен приказ. Опцијата Line View овозможува делумно извлекување на екранот на LG SIGNATURE OLED TV R и гледање содржини за кои нема потреба од цел екран. Со оваа опција корисниците можат да избираат што ќе гледаат на екранот од неколку опции: Clock, Frame, Mood, Music и Home Dashboard. При користењето на опцијата Zero View целиот екран од 65 инчи се наоѓа во постолјето на телевизорот и не е видлив.

 

Сподели!
- Advertisement -