Вештачката интелигенција ќе влијае на речиси 40% од работните места во светот, ќе замени или ќе надополни други, па потребно е внимателно балансиран политика за да искористиме дел од нејзиниот потенцијал,оценува директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева.
Таа на блогот на ММФ напиша дека се наоѓаме на работ на технолошка револуција,која би можела да ја зголеми продуктивноста, да поттикне глобален раст и да ги зголеми приходите. Но,укажа и на тоа дека вештачката интелигенција би можела да ги замени работните места и да ја зголеми нееднаквоста.
Георгиева вели дека ќе мора да биде осмислен сет на политики за безбедно да се искористи потенцијалот на вештачката интелигенција за доброто на човештвото.
Таа наведува дека истражувањето на ММФ за потенцијалот на влијанието на вештачката интелигенција на глобалниот пазар на труд покажува дека речиси 40% од работните места во светот ќе бидат под влијание на вештачката интелигенција.
Имајќи предвид дека вештачката интелигенција влијае на висококвалификуваните кадри, напредните економии се соочуваат со поголеми ризици од вештачката интелигенција , но и со поголеми можности за искористување на нејзините предности во споредба со пазарите во настанување и економиите во развој. .
Во напредните економии вештачката интелигенција може да влијае на околу 60% од работните места,покажуваат резултатите од истражувањата на ММФ.
Отприлика половина од работните места на кои ќе влијае вештачката интелигенција може да имаат корист од тоа поради зголемување на продуктивноста, но за другата половина вештачката интелигенција ќе може да извршува клучни работни задачи кои моментално ги вршат луѓето и во најекстремни случаи да ги замени некои од тие работни места.
Наспрема тоа, на пазарите во развој и во земјите со ниски примања се очекува вештачката интелигенција да влијае на 40%, односно 26%од работните места..
(RTV)