Илон Маск повеќе заработи од биткоинот, отколку од автомобилите

- Advertisement -

Компанијата Tesla предизвика потрес на пазарот кога објави дека купува биткоин во вредност од 1,5 милијарди долари. Тој потег ја катапултираше цената на најпознатата криптовалута во светот, истовремено донесувајќи импресивен профит на производителот на електрични возила.

Биткоинот во вторникот по прв пат надмина 50.000 долари и го продолжи растот во 2021 година, затоа што се поголемата прифатеност на таа криптовалута ја поттикна побарувачката од инвеститорите кои се обложуваат на нејзниот раст и во иднина.

- Advertisement -

Tesla купи биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари во јануари, иако не откри по која цена и колку вкупно поседува. Во јануари биткоин се тргуваше по цена од 29.333 и 37.020 долари, што значи дека за 1,5 милијарди долари Tesla би требало да добие од 37.020 до 51.137 биткоини. Со оглед на сегашната цена на биткоин, Tesla веќе има заработка од над 1 милијарда долари од биткоин.

Tesla во фискалната 2020 година пријави профит од 721 милион долари, после загубата од 862 милиони долари во 2019 година. Дури се проценува дека профитот од биткоин го надминува целокупниот профит на Tesle од автомобили во текот на минатата деценија.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -