Просечниот литар вода содржи речиси 250.000 невидливи парчиња нанопластика, покажа ново истражување на научници од универзитетите Колумбија и Рутгерс. Научниците користеле микроскоп со дупли ласер за да ги детектираат и да ги категоризираат парчињата пластика по прв пат во историјата.
Набљудувајќи пет примероци од брендови за флаширана вода, научниците откриле дека нивото на пластични честички во нив се движи од 110.000 до 400.000 по литар или просечно околу 250.000, открива студијата објавена во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences.
Изгледа дека најголем дел од таа пластика доаѓа од самите шишиња и филтрите со мембрана за обратна осмоза, кои се користат за чистење на другите нечистотии од водата, заклучува главната авторка на студијата, Наижин Кијан од Универзитетот Колумбија.
„Не знаеме дали е опасно и ако е, колку е опасно. Знаеме дека нанопластиката влегува во сите ткива на цицачите, вклучувајќи ги и луѓето, а моментално истражувањето се занимава со влијанието на пластиката врз клетките“ вели токсикологот Фиби Стејплтон.
Мешународното здружени за флаширана вода соопшти дека медиумските извештаи за честичките пластика во водата само непотребно ги плашат потрошувачите, додека Американскиот совет за хемија, кој ги претставува производителите на пластика, одбива на коментира.
(021)
(фото: PickPik)