Лушпите од овошје добиваат втор живот – се претвораат во одржливи торби за пазарување

- Advertisement -

За мислете само колку милиони или милијарди луѓе во светот секојдневно консумираат овошје? Што мислите дека се случува со лушпите од овошјето што го јадат? Можеби мал дел се компостираат и се користат како органско ѓубриво, уште помал дел се користат за изработка на некои еколошки иновации, а најголем дел завршуваат во отпад.

Но, тие лушпи може да имаат многу корисна намена – може да се претворат во еколошки торби за пазарување кои се одржлива алтернатива за пластиката, хартијата и памукот. Торбите се реупотребливи и се раствораат во вода или во почва и стануваат прихрана за растенијата кога повеќе нема да се користат.

- Advertisement -

Торбите се направени со комбинација на целулоза кога е нуспроизвод на текстилната индустрија и пектинот кој се екстрахира од лушпите од овошје, како нуспроизвод на производството на сокови. Торбите Sonnet155 засега се концепт, а ги дизајнираа студентите Јохана Хемејер – Кертен и Лобке Бекфелд, кои се надеваат дека наскоро ќе почнат да ги произведуваат.

(Waste-Ed)

- Advertisement -

(фото: Facebook)

Сподели!
- Advertisement -