Јапонската влада одлучи да ги искористи парите од даночните обврзници за апликацијата Tapple за запознавање луѓе, која ги спојува луѓето со исти хобија и интереси. Причината за тоа е што Јапонија се соочува со досега невиден пад на бројот на населението, така што задачата на апликацијата е да помогне во решавањето на тој проблем.
Токио има најголем процент на немажени и неженети луѓе на возраст од 50 години. Земјата на изгрејсонцето често се поврзува со се поголем број на луѓе кои живеат сами. Еден од 10 жители во Јапонија има најмалку 80 години, така што станува збор за земја со најстара популација, а старите луѓе не добиваат потомство.
Со апликациите за запознавање и посредување на виртуелни состаноци владата сака да ги поттикне младите генерации да се запознаваат. Апликациите за запознавање станаа главна алатка за барање патнери. За да се спречат измами и да се одвратат луѓето кои се во брак процесот на верификација бара документација од родните градови за да се потврди невенчаниот статус на корисникот.
Анкетата направена во Токио во 2021 година покажала голема популарност на апликациите за запознавање, а ги избрале 14,5% од испитаниците. Градот планира да ги искористи социјалните мрежи за да се подигне свеста за проблемите со злоупотреба, а операторите со апликациите предвидуваат позитивно влијание на оваа стратегија врз индустријата.
Корисниците често се регистрираат на повеќе платформи. Дали апликацијата ќе ги мотивира луѓето да се запознаваат или не останува да се види. Токио има и највисок процент на никогаш невенчани педесетгодишни мажи и жени. Тој процент е 32,15% кај мажите и 23,79% за жените.
Владините проценки покажуваат дека до 42% од жените родени во 2005 година одлучиле да не станат мајки, што претставува потенцијална закана по националната програма за социјална заштита.
Критичарите сметаат дека уште една апликација за запознавање финансирана со парите од даночните обврзници не е решение за проблемите на осамените луѓе. Те предлагаат градовите и националните влади да ги решат фундаменталните проблеми кои се причина за падот на бројот на бракови и на наталитетот. Финансиските проблеми се еден од најголемите фактори за тоа затоа што многу Јапонци тврдат дека недостигот на пари е причина зошто не се во брак и немаат деца.
(Klix.ba)
(фото: Tapple)