Телескопот James Webb откри црна дупка стара 13 милијарди години

- Advertisement -

Вселенскиот телескоп James Webb ја откри најстарата црна дупка досега, оја датира од пред околу 13 милијарди години. Тој временски период одговара на настанувањето на вселената, отприлика 400 години после Големата експлозија. Анализите предводени од Универзитетот Кембриџ сугерираат дека оваа колосална црна дупка ја јаде својата галаксија до смрт.

Се верува дека масивните црни дупки настануваат од остатоци од џиновски ѕвезди откако ќе поминат низ процесот познат како гравитациски колапс. Според конвенционалните модели, црната дупка вообичаено има маса околу 100 пати поголема од масата на Сонцеот, меѓутоа, она што ги збунило експертите е необично масивната црна дупка, која е неколку милиони пати поголема од нашето Сонце.

- Advertisement -

За црната дупка да стане супер масивна потребни се милијарди години. тука се поставува прашањето како настануваат црните дупки и како се шират во тој период. Истражувачите веруваат дека резултатите имплицираат алтернативни патишта за настанување на црните дупки.

„Многу е рано да се види вака огромна црна дупка во вселената, така што мора да разгледаме кои други опции постојат за нејзино настанување“ вели водечкиот автор на студијата, проф. Роберто Мајолино.

На пример, тие би можеле да настануваат како прилично масивни креации, а би моеле да имаат спососбност да апсорбираат материи пет пати побрзо отколку што се мислеше претходно.

- Advertisement -

„Многу раните галаксии биле изклучително богати со гас, така што претставувале одлична храна за црните дупки“ вели Мајолино.

Дрвната црна дупка брзо ги троши материите од својата галаксија домаќин, наречена GN-z11. Опсервациите откриваат дека оваа галаксија емитува интензивно зрачење од едупки во својот центар/

- Advertisement -

GN-z11 е компактна галаксија која е околу 100 пати помала од нашиот Млечен пат. Кога црните дупки активно консумираат, тие исфрлаат гасови со многу брзо темпо, слично на ултрабрз ветар. Тој „ветар“ има потенцијал да го стопира процесот на формирање на ѕвездите, што постепено доведува до исчезнување на галаксијата.

Истовремено, тој претставува закана по самата црна дупка, затоа што го прекинува изворот на опстанок на црната дупка.

(Klix.ba)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -