За 20 години на Земјата ќе има милијарда хуманоидни роботи

- Advertisement -

Последните години бројот на странски работници во европските земји е во пораст. Многумина не се навикнати на тоа и го критикуваат увозот на работници од далечниот исток, кои бараат подобар живот. Но, за една до две децении веројатно ќе дојде до големи промени и целосно нова работна сила, која може да ги замени работниците. Така, многу работни места за две децении ќе ги пополнат роботи. Тоа го рзмислуваат некои експерти за роботика и вештачка интелигенција, а со нив се сложува и Илон Маск.

Првиот човек на Teslа добро е упатен во овој пазар и го сфаќа неговиот потенцијал, па и неговата компанија развива хуманоидни роботи кои на луѓето еден ден ќе им станат помошници во секојдневните активности. За почеток, таквите роботи би можеле да помагаат по дома, но како што ќе напредуваат, Маск верува дека би можеле да одат во шопинг наместо луѓето и да работат некои покомплицирани работи.

- Advertisement -

Иако тешко е да се предвиди колку брзо ќе се развива овој пазар, Маск неодамна се сложи со предвидувањето на Дејвид Холц од Midjourney, кој за социјалата мрежа X напиша дека во 2040-тите години на овој век можеме да очекуваме милијарда хуманодини роботи на нашата планета. Неговите размислувања одат и подалеку од тоа и вели дека дваесетина години подоцна во Сончевиот систем може да има 100 милијарди роботи и нагласува дека најголем дел од тоа ќе бидат роботи вонземјани.

(NY Post)

- Advertisement -

(фото: ndl.no)

Сподели!
- Advertisement -