Ерик Шмит е добро познато име во светот на технологијата. Заедно со основачите Лери Пејџ и Сергеј Брин го основаа Google, каде што Шмит беше извршен директор. На таа позиција остана до 2011 година, после што ја презеде долѓноста претседател на компанијата до 2015 година.
Својата кариера ја продолжи во Министерството за одбрана на САД, односно во нивниот Одбор за иновации и во Националната комисија за безбедност на вештачка интелигенција, во која помина неколку години. Својата инволивраност во воената политика и познавањето на вештачката интелигенција ги искористи за основање на сопствен стартап за кој неодамна пишуваа медиумите.
Неделава се објавија нови информации. Според нив, стартапот на Шмит се вика White Stork, а е фокусиран на развојот на дронови со вештачка интелигенција. White Stork планира масовно производство на беспилотни летала, кои за избирање на метите ќе користи вештачка интелигенција.
Упте не се познати конкретни детали за проектот, а според нецелосните информации тешко е да се донесе заклучок, но проектот прилично потсетува на идејата за роботи убијци. За потсетување, раквите роботи, против кои многу научници веќе пишуваа бројни петиции и бараа стопирање на развојот, би можеле сами да носат одлуки за метите на нападот. Можеме само да замислиме каков хаос би можел да настане ако вештачката интелигенција донесе погрешна одлука или нападне цивили или сопствената војска.
Се разбира, постои можност вештачката интелигенција да се користи само за препознавање на мети на напади, но конечната одлука и понатаму да ја носат луѓе кои од оддалечена локација би го потврдиле нападот.
Во претходни интервјуа Шмит предупредува дека американската војска бавно ги усвојува новите технологии, а споменува и дека понекогаш се појавуваат нови оружја кои целосно можат да ги сменат работите на пазарот, односно на боиштата. Тој е убеден дека токму вештачката интелигенција може да донесе таква револуција, а изгледа дека со својот стартап тој сака да учестува во револуцијата на оружје која користи вештачка интелигенција.
(Business Insider)
(фото: Flickr)