Жените уште живеат подолго од мажите, но таа разлика ќе исчезне

- Advertisement -

Во опсежна студија на податоците за глобалната смртност во периодот од 1990 до 2010 научници открија значајно намалување на разликите во очекуваниот животен век на луѓето. Податоците на ОН откриле продолжување на очекуваниот животен век во секоја од подгрупите до 2010 година, со значително намалување на разликата меѓу животниот век на мажите и жените.

Иако жените на глобално ниво генерално жиеат подолго од мажите за 4-4 години, причините за тој јаз се уште се нејасни, а произлегуваат од мешавина од биолошки и општествени фактори.

- Advertisement -

Научници од Универзитетот Алкала, Универзитетот Барселона и Универзитетот Оксфорд предвидуваат континуирано намалување на јазот меѓу родовите до 2030 година. Тоа ќе влијае и на нациите со повисоки и пониски приходи. Меѓутоа, земјите со повисоки примања со тек ан време покажуваат се послабо враќање на очекуваниот животен век. Нивното истражување ое објавено во списанието PLOS ONE.

Проекциите покаѓуваат пад на стапката на смртност меѓу постарите луѓе во Австралија, Азија, Европа и Северна Америка до 2030 година, при што дегенеративните болести остануваат водечка причина за смрт. Се очекува дека Јапонија, Австралија и одредени западноевропски земји преничат во показателите за долговечност, додека САД би можеле да паднат на понизок ранк поради порастот на бројот на смртни случаи пврзани со дрога.

- Advertisement -

Иако предвидувањата опфаќаат цела деценија, влијанието на неодамнешните настани, како што е пандемијата на КОВИД-19, може привремено да ги пореметат вкупните трендови во очекуваниот животен век.

(Science Alert)

- Advertisement -

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -