ВИДЕО: Тоалет направен специјално за беспомошни стари луѓе

- Advertisement -

Neptune Toilet Lift е неверојатно олеснување и за луѓето на кои им е потребна помош за да одат во тоалет, а и на тие кои им ја даваат таа помoш. Доколку има некое место на кое секој посакува малки независност, тоа е тоалетот. Оваа веце-школка со капак кој се подигнува е одличен за сите кои имаат проблеми со колковите, за сите кои се вратиле дома по рехабилитација или боледување, како и за сите кои сакаат да одат во тоалет самостојно.

Посебниот механизам нежно го подига капакот каде што треба да се седне и го носи на висина најсоодветна за да не се напрегате, а потоа ве враќа во нормална седечка положба. За разлика од рачките кои се поставуваат по ѕидовите за придржување, нема потреба да се напрегате и да се изморувате. Кога ќе сакате да станете, притискате на копче и повторно се подига капакот до висина на која сте сигурни и безбедни да стоите сами.

- Advertisement -

Сите кои се грижат за некого кој има проблем со мобилноста ќе ви кажат дека најголем проблем е помагањето на личноста да оди до тоалет, а тука има и физички ризик и за двете страни. Овој посебен тоалет го елиминира тој ризик. Neptune Toilet Lift е дизајниран за лесно да се вклопи во каков било декор во бањата. Доаѓа со две батерии кои се полнат.

Сподели!
- Advertisement -