Платформата за ментално здравје Разговор.мк слави 11,000+ остварени сесии и 70+ лиценцирани психолози

- Advertisement -

Платформата за ментално здравје Разговор.мк слави 70+ лиценцирани психолози достапни на платформата и 11,000+ остварени сесии преку мобилната апликација. Доказ за успешноста и ефикасноста на онлајн советувањето се над 1000 позитивни оставени рецензии за сесиите со психолози. Според тимот, ова е мал чекор кон остварување на нивната визија за светот и амбицијата сега е зголемена.

Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да ја направи грижата за менталното здравје и себе-откривањето јасна, лесна и достапна за сите.

- Advertisement -

Преку оваа мобилна апликација, луѓето можат да побараат бесплатен пишан совет од 70+ лиценцирани психолози и да закажат сесија со допишување, аудио или видео разговор со било кој од нив.

Користењето на технологија за подобрување на индивидуалното здравје, или познато како „телемедицина“ се достигувања кои носат промени во здравствената индустрија, а Разговор.мк претставува голем напредок за модерната психотерапија и советување во нашата држава.

- Advertisement -

Пристапот до психолозите е онлајн, преку мобилната апликација, и со можност да останете целосно анонимни. Комуникацијата на аудио и видео сесиите е целосно енкриптирана и никој нема пристап до податоците. Анонимноста која што ја нуди апликацијата е одлична за справување со табуата околу грижата за менталното здравје. Од тимот на Разговор.мк велат дека повеќе од 60% од корисниците на апликацијата закажале сесија со психолог за прв пат во животот токму преку апликацијата. Подолу за тоа како функционира апликацијата.

Како функционира?

- Advertisement -

Најпрвин, преземете ја нашата мобилна апликација (Android и iOS) и креирајте профил.

  • Внесете корисничко име (oва е име кое го гледа психологот. Можете да запишете прекар)
  • Внесете возраст (за лица под 16 години, психологот ќе бара одобрение од родител)
  • Внесете пол (изберете машко, женско или друго)

По најавата ќе забележите дека има неколку екрани:

Психолози
Овде можете да ја разгледате нашата листа од психолози и да прочитате повеќе за нив.

  • Можете да пребарувате според тип на проблем, цена, јазик и начин на комуникација
  • Можете да прочитате за биографијата, пристапот во работата и работнотно искуство на психологот.
  • Можете да прегледате 1000+ рецензии оставени за психолозите

Консултации
Овде можете анонимно и бесплатно да побарате совет или насока од психолог со споделување на предизвикот со кој се соочувате. Може да добиете одговори од максимум 5 психолози, а секој од психолозите ќе ви даде совет и насока и може да ви понуди попуст на првата сесија доколку мисли дека може да ви биде од помош.

Расположение
Овде можете да ги следите промените во вашето расположение и да забележите кои активности допринеле до истото. Секако, има прекрасни графици и лесно пристапни информации за да дојдете до вашите увиди.

Закажи и оддржи сесија
Откако ќе одберете психолог, дали преку пребарување, или преку побарана консултација, можете со истиот да закажете и оддржите сесија.

Сесијата може да биде со допишување, аудио или видео разговор и тоа зависи од вас. Плаќате со картичка директно преку апликацијата и вашата сесија ќе се појави во екранот „Сесии“.

  • Одберете датум
  • Одберете време
  • Одберте начин на комуникација
  • Платете

Секако, апликацијата има уште многу корисни функиционалности, како потсетници и нотификации, интеграција со календарот на вашиот телефон, можност за комуникација преку допишување, аудио или видео разговор и други.

Преземете ја мобилната апликација (Android и iOS) и направете го првиот чекор кон вашето подобро утре.

Сподели!
- Advertisement -