Волците околу Чернобил развиле имунитет на рак

- Advertisement -

Научно истражување покажа дека дивите волци кои живеат околу затворената нуклеарна електрана Чернобил развиле отпорност на рак и би можеле да дадат нов увид во тоа како да се спречи таа болест кај луѓето.

Изгледа дека чопорите волци скитници кои живеат во Чернобил развиле мутации кои ги зголемуваат нивните шанси да преживеат рак, покажа новото истражување. Кара Лав, биолог од Универзитетот Принстон, волците ги проучувала една деценија и нејзиното истражување открило дека имаат изменет имунолошки систем, сличен на тој од пациентите заболени од рак кои биле подложени на зрачење, пишува IFL Sience.

- Advertisement -

Таа забележала дека волците од Чернобил преживуваат и напредуваат и покрај годините изложеност на радјација и насобирањето радиоактивно честички во нивните тела.

Најлошата нуклеарна катастрофа во светот ослободила радијација која предизвикува рак, но истражувањето на биологот Лав покажало дека волците се отпорни на зголемен ризик од рак.

- Advertisement -

Животните кои лутаат по зоната на Чернобил и нивната ДНК се од интерес на многу научници ширум светот. Минатата година генетичарката Илејн Острандер забележала дека истражувањето на тие животни може да даде нови увиди во тоа како да се спречи ракот кај луѓето.

За жал, пандемијата на корона вирусот и војната во Украина ја спречиле Лав и нејзините соработници да се вратат во Чернобил. Не се знае дали и кога би можеле да се вратат таму.

- Advertisement -

„Наш приоритет е безбедноста на луѓето и соработниците од таму“ вели Лав.

Новото истражување беше претставено минатиот месец на годишен состанок на Друштвото за интегративна и компаративна биологија во Сиетл, Вашингтон.

(N1)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -