Велика Британија размислува да воведе забрана на мобилни телефони за помлади од 16 години

- Advertisement -


Следната влада на Велика Британија треба да размисли за законска забрана за мобилни телефони во училиштата и целосна забрана за мобилни телефони за помлади од 16 години, се вели во извештајот на комисијата на Долниот дом.

Комитетот за образование на Долниот дом верува дека се потребни построги правила за користењето мобилни телефони во училиштата и како да се управува со времето кое децата дома го поминуваат пред екран за подобро да се заштитат. Извештајот тврди дека времето помијато во гледање во екран е штетно за менталното и за физичкото здравје на децата и дека на училиштата и на родителите им треба јасно владино водство за ова прашање.

- Advertisement -

Претходно оваа година Министерството за образование на Обединетото Кралство издаде упатство до раководителите на училиштата за тоа како да се забрани користењето телефон не само за време на часовите, туку и за време на одмор и ручек, и предложи да се дозволи персоналот да ги пребарува учениците и нивните торби за мобилни телефони доколку е потребно.

Министерството за образование вели дека тоа не е доволно. Во извештајот се вели дека следната влада треба да се консултира за зголемување на старосната граница за „дигитална согласност“ од 13 на 16 години и треба да размисли за целосна забрана за паметни телефони за помлади од 16 години, како и целосна законска забрана за мобилни телефони во училиштата.

- Advertisement -

Притоа, тие се осврнуваат на зголемувањето на времето кое децата го поминуваат користејќи мобилни телефони и пред други екрани, што доведува до зависно однесување. Од 2020 до 2022 година времето поминато пред екран се зголемило за 52%, а 1/4 од луѓето велат дека користат уреди на начин кој предизвикува зависност.

Прекумерната употреба на екрани и паметни телефони има јасен негативен ефект врз менталната и физичката благосостојба на децата и младите, велат надлежните и додаваат дека без итна акција, повеќе деца ќе бидат изложени на ризик.

- Advertisement -

(24sata)

(фото: Wallpaper Flare)

Сподели!
- Advertisement -