Топлинската енергија од отпадните води досега се губеше по течението ан дунав, но сега со помош на неа ќе се греат 56.000 домаќинства во Виена. Во округот Симеринг во Виена во погон беше ставен најголемиот систем на топлински дигалки во Европа, а изградбата започна пред една и пол година на земјиште покрај прочистувачи на отпадни води ebswien.
Кај топлинските дигалки се функционира како како фрижидерите, но на обратен начин. Кај фрижидерите топлината настанува како нуспроизвод на ладењето, а кај топлинските дигалки топлината е тој несакан нуспроизвод.
Современата технологија вградена во новите дигалки ќе овозможи извлекување на толлината од многу ниски температури на водата. Со помош на топлински пумпи веќе од температури од околу 6% Целзиусови може да се достигнат температури од над 90%. Со вакви и слични проекти ќе се оствари целта Виена да стане карбонски неутрален град
Еден од клучните фактори за остварувањето на таа цел е топлинскиот сектор, кој е одговорен за околу 40% од емисијата на јаглерод диоксид во австриската престолнина. Речиси половина од виенските топлани при производството на енергија користат фосилни горива, но компанијата Wien сукцесивно работи на тоа и тие да преминат на користење одржливи извори. Виенскиот систем за далечинско греење со мрежа од 1.300 км е еден од најголемите во Европа.
Компанијата Wien Energie снабдува околу 440.000 домаќинства со топлина и имаат инвестирано 70 милиони евра во првата фаа од изградбата, во рамките на која три топлински дигалки се пуштени во употреба, а до 2027 година планира да отвори уште три. Благодарение на овој проект емисијата на јаглерод диоксид во главниот град на Австрија треба да се намали за 300.000 тони на годишно ниво.
(Poslovni Dnevnik)
(фото: Pixabay)